Амбасадорот на Холандија на трибина со младите во Куманово
„Македонија и ЕУ во предизборен период“ беше темата на која дебатираа младите кумановци, претежно студенти, на денешната средба со холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп, заменик народниот правобранител Насер Весељи и претставници од Граѓанската асоцијација МОСТ и од кумановската локална самоуправа.
На настанот организиран од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија и општина Куманово, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски истакна дека амбасадорот Пломп претходно бил во работна посета на општината и се информирал за сите актуелни случувања.
- Целта на трибината беше да се даде силна верба, пред се на младите луѓе кои треба да ја пренесат пораката дека гласањето треба да биде личен став. Судбината која Влада ќе не води после 12 декември е одлука на граѓаните, а меѓународната заедница е тука само да мониторира и да ги обезбеди адектватните услови за фер и демократски избори, изјави Дамјановски.
Амбасадорот на Холандија изрази задоволство што е присутен во Куманово, потсетувајќи дека граѓаните и по настаните од мај минатата година покажаа модел како треба да се зачуваат меѓуетничките односи.
- Најбитната порака е дека граѓаните треба да гласаат и дека тоа е нивниот глас и гласот за нивната иднина. Една од работите кои што беа кажани, денеска на оваа маса беше загриженоста од нерегуларностите што биле во минатото со изборните процеси на што кажав дека еден од резултатите на Пржинскиот договор е основањето на Специјалното јавно обвинителсто. Оваа институција треба да ја има целата поддршка, бидејќи е институцијата која треба да ги расветли сомневањата околу нерегуларностите, рече амбасадорот Пломп.
Во случај пак да има нерегуларности и притисоци, додаде, ги охрабрил сите да ги пријават во надлежните институции, омбутсманот, канцеларијата на МОСТ, како и сите меѓународни организации кои ќе ги нагледуваат изборите како што се МОСТ и ОДИХР.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има фер и демократски избори, Пломп рече дека неговиот став и ставот на неговата земја е дека избори прво ќе треба да се одржат, како и што се закажани, а потоа да се оценуваат.
- Политичките партии, исто се потписници и се согласија дека условите за избори се исполнети. Ние сме тука и вршиме набљудување на самите избори, како ќе се одвиваат, но најбитно е да се одржат и на крај резултатите да бидат признаени, додаде амбасадорот.
Флорим Реџепи од ЦИД рече дека младите од Куманово од 18 до 29 години се дел од електоратот и оти е значајно што тие имаа можност да дискутираат за изборите.
Ново на Сител
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
-
Три месеци затвор за убиството на кучето Феликс
-
Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари
-
Кривична за дебранец за недозволено изработување и трговија со оружје и муниција
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“
-
Го фатила за врат снимателот и му ја оштетила камерата, на новинарот му го одзеле и фрлиле телефонот, обвинение за нападот во Визбегово
-
Модриќ потпиша за Милан