Амбасадорот на ЕУ Рокас во посета на Крива Паланка
Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе ја посети општина Крива Паланка како дел од иницијативата за информирање на јавноста која има за цел да ја доближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните граѓани.
Посетата ќе почне со средби меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Сашко Митовски, како и со Општинскиот совет. Овие дискусии ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ и конкретното влијание на помошта од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот.
Попладнето, во 18 часот, предвидено е амбасадорот да присуствува на официјалното отворање на проектот „ПАРКОВИ“ (PARKS) финансиран од Интеррег ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија, со кој на локација од околу 2000 метри квадратни уреден е нов урбан зелен парк кај комплексот згради до градскиот зелен пазар во Крива Паланка, за подобра и позелена, урбана општина.
Проектот „ПАРКОВИ“ – Заштита на областите преку регионално знаење и одржливост е со вкупна вредност од околу 895.000 евра од кои 388.000 евра за Општина Крива Паланка како партнер 2, додека останатите се наменети за водечкиот партнер, Општина Дупница, Бугарија.
Општа цел на проектот е подобрување на урбаниот биодиверзитет и квалитетот на живот во општините преку креирање и промоција на еко-пријателски зелени паркови и површини.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите