-->
-->
Амбасада на САД: Престрелки околу кралската палата во Џеда
-->

Американската амбасада во Саудиска Арабија денеска ги предупреди државјаните на САД „да бидат внимателни“ доколку се движат во реонот околу кралската палата во Џеда, бидејќи добила информации дека во тој дел „дошло до престрелки и дека има загинати“.
Во соопштението се посочува дека Амбасадата добила неколку непотврдени дојави оти саудиските безбедносни сили спречиле обид за напад во близина на кралската палата.
Според истите извори, при престрелката се убиени напаѓачите и неколкумина чувари на палатата.
Саудиската Влада засега не ги коментираше ваквите информации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
