Aмандманска расправа за законот за јазиците
Членовите на Комисијата за европски прашања, во отсуство на опозицијата, треба да ја одржат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците.
Претседателот на Комисијата седницата ја закажа за денеска за 13:00 часот, иако е последен трет ден за разгледување на 90-те амандмани поднесени од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Беса за Предлог-законот за јазиците.
Комисијата во понеделникот го усвои дневниот ред по што седницата беше одложена поради неприсуство на претставници на Министерството за правда, како претставници на Владата. Со усвојувањето на дневниот ред започнаа да течат и тридневните рокови за амандамнската расправа. Груби во изјава за новинарите тврдеше дека иако течат, роковите се почитуваат и оти не станува збор за злоупотреба на Деловникот.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера посочија дека нема да учествуваат во работата на Парламентот бидејќи шестмина нивни пратеници се во притвор и нема соодветни услови да партиципираат во работата на Парламентот.
Претседателот на Комисијата за европски прашања Груби смета дека законот ќе биде донесен до новогодишните празници.
Во Собранието на Република Македонија денеска Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот организира јавна расправа за Прашањето на ограничување на правото на слободно движење и дискриминацијата на граничните премини кон граѓаните од ромската етничка заедница.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати