-->
-->
Алтхаузер: Германија е само набљудувач
-->

Германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер денеска одговорајќи на новинарско прашање дали е можен прием на Македонија во НАТО под привремената референца, изјави дека тоа е работа што треба да ја решат Скопје и и Атина, а Германија е само набљудувач.
- Секако дека е значајно тоа што министерот (Никола) Димитров на една од првите свои средби отиде токму во Атина. Ова прашање не би сакала воопшто да го коментирам бидејќи е тоа работа на двете држави. Тука Германија е само набљудувач, изјави амбасадорката Алтхаузер по панел дискусијата „Соработката помеѓу општините, компаниите и граѓанскиот сектор – проект Сити 3 за заштита на климата“, организирана од Амбасадата на Германија во Скопје и „Еко-свест“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
