Алтернaтива: Изречените казни за пожарот во модуларната болница во Тетово се втор пожар
Денеска, кога беа изречени казните за пожарот предизвикан во модуларната болница на 8 септември 2021 година, при што загинаа 14 пациенти, уште еднаш се докажа дека во РСМ, не само што имаме политизирано судство, туку се манифестираше на брутален и безмилосен начин, којзнае по кој пат, дека во Северна Македонија институциите на правдата не делат правда.
Катастрофална штета, во пожар изгореа 14 пациенти, да се казни со т.н. условни казни е втор пожар за жртвите и нивните семејства. Основното прашање што се поставува во овој случај е дали ќе ја имавме истата казна доколку директорот на болницата не би бил брат на постојаниот министер на секоја влада, Фатмир Бесими? Додека следното прашање е каква е улогата на Алијансата за Албанците, која раководи со Министерството за правда? Кој е нејзиниот придонес и која е неговата заслуга кон овие крајно политизирани пресуди?
Денешната пресуда ја потврдува нашата констатација, многупати изјавена, дека Европската Унија мора сериозно да размисли за овој аларм, бидејќи единствената надеж за правда во Северна Македонија е судскиот систем целосно да се редефинира, со цел да се деполитизира и да се стави на услуга на сите граѓани.
Алтернатива
Ново на Сител
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност