-->
-->
Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
-->

Министерот за здравство Азир Алиу во врска со случајот со 37-годишна пациентка со Кронова болест, која, како што објавија медиуми, починала пред осум дена откако била испуштена од болница по две направени операции на Клиниката за дигестивна хирургија, изјави дека денеска ќе потпише да се формира стручната комисија која треба да утврди од клиничка гледна точка што се случило со пациентот.
- Државниот здравствен и сантарен инспекторат е веќе на терен, истакна Алиу одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод најавата на симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој" посветена на унапредување на знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
