Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои, како што информира, ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во земјава.
Овие активности беа детално презентирани на 10. состанок на секторската работна група за здравство.
- Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на ѕидови туку инвестиција во луѓето, во системот и во иднината на нашата земја. Заедно градиме модерно и хумано здравство, рече министерот за здравство, Азир Алиу.
Меѓу приоритетните капитални проекти кои се изградба на нова Клиничка болница во Штип, Општа болница во Кичево, Клиничка болница во Тетово, Центар за рани и гангрени на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" во Скопје, а во следната фаза нов Клинички центар. Покрај тоа, напредуваат и проектите за хумани и социјални инвестиции, како што се уредување на услови за судски пациенти во Психијатриската болница-Скопје и Иновативен хаб во Кочани.
Паралелно со капиталните проекти, се реализираат и стратешки здравствени проекти, како е Ургентен центар за токсикологија, развој на ин витро капацитети за гинекологија и засилена интензивна нега во кардиологијата.
- Модерната инфраструктура значи и дигитализација. Национални дигитални платформи, лабораториски мрежи, системски дигитални решенија и интегрирани услуги - тоа се проектите кои ќе го направат нашиот здравствен систем поблизок до секој граѓанин, без разлика каде живее во државата, истакна Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
