Алисон: Пикфорд не мораше да стартува така над Ван Дајк
Голманот на Ливерпул, Алисон го сподели своето мислење за моментот од натпреварот против Евертон (2:2), на кој голманот на „карамелите“, Џордан Пикфорд го повреди дефанзивецот Вирџил ван Дајк.
Фудбалерот на Ливерпул го скина вкрстените лигаменти на коленото и мораше на операција.
– Сите голмани играат на свој начин, секој се движи на различни начини, но во овој случај стартот на Пикфорд не беше неопходен. Се прашував што ќе направев на местото на Џордан во таква ситуација. Јас би одел до крај, затоа што ако играм помеко, противниците ќе дадат гол, но, повторно ќе кажам, секој делува на свој начин. Не се согласувам дека Пикфорд мораше да се соочи со Ван Дајк на овој начин, истакна Алисон.
Ван Дајк денес беше опериран и сега го очекуваа повеќемесечна пауза за рехабилитација.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња