Алијанса за Албанците вечерва дефинитивно одлучува дали ќе станат дел од Владата
Во 18:00 часот во централните канцеларии на Алијанса за Албанците почнува состанок на партиското Централно претседателство, при што ќе се објави внатрепартиското референдумско изјаснување дали членовите се за или против партијата да има своите претставниците во Владата.
-Со одлука на Претседателството на партијата денеска се одржа референдум во сите ограноци на кој членовите на огранските собранија, по консултации со подогранокот и членовите одговорија дали се за или против влез во Владата. Референдумот беше спроведен преку онлајн прашалник, а резултатите ќе бидат претставени пред членовите на Претседателството, а потоа и на јавноста преку конференција за медиуми, најавија од Алијанса за Албанците.
До ова изјаснување меѓу членовите доаѓа по состанокот на претседателството на 27 јануари кога новиот претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари најави дека заедно со уште пет најблиски соработници ќе преговараат дали нивната партија ќе стане дел од Владата како и дека во меѓувреме ќе организираат и внатрепартиски референдум по истото прашање. Алијанса на Албанците има 11500 членови.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска