Али Ахмети: Во годината и деценијата пред нас, повторно да бидеме заедно, подобри, посилни и поуспешни
“Драги граѓани, браќа и сестри,
Ја привршуваме годинава и деценијата исполнета со случувања за да и отстапиме пат на новата година и новата деценија.
Годинава што ја оставаме зад нас ќе биде запаметена како година на заеднички достигнувања, како што се јазичната еднаквост, членството во НАТО, реформите и победата на концептот на консензуалноста заедно со трасирањето на едностраниот пат кон Брисел.
Деценијата што денес ја заокружуваме, би било добро секој од нас, со една лична или општествена рефлексија, да процени каде бевме вчера и каде сме денес, што сме направиле заедно и што требаше да направиме подобро.
Новата година што денес ја дочекуваме, година што ја започнува новата деценија, посакувам да е година полна со здравје, за Вас и вашите семејства, благосостојба и успех, среќа и радост со најискрени желби во годината и деценијата пред нас, повторно да бидеме заедно, да бидеме подобри, посилни и поуспешни.
Среќна!”
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица