Албанскиот Уставен суд пресече: Мета не го прекршил Уставот, останува претседател
Илир Мета нема да биде разрешен од функцијата претседател на Албанија и ќе продолжи на функцијата до завршување на мандатот на 24 јули годинава.
Тоа откако Уставниот суд одлучи да ја поништи одлуката на албанскиот парламент за негово разрешување поради ” тешки прекршувања на Уставот“.
Одлуката судот на својата официјалната страна ја објави доцна синоќа, во 23:15 часот и во неа стои дека „претседателот не го прекршил Уставот по ниту еден основ за што го обвинува парламентот“.
Веднаш куса реакција следуваше од претседателскиот кабинет. Портпаролот Теди Блуши на Фејсбук напиша дека одлуката е очекувана и за нив не е никакво изненадување.
-Нула изненадување за нас. Ова прашање не ни требаше да почне, напиша Блуши.
Иницијатива за разрешување на Мета покренаа владејачките социјалисти, по што беше формирана и анкетна комисија по чиј извештај пратениците, меѓу нив и од опозицијата, на 9 јуни минатата година изгласаа одлука за негово разрешување.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки