Албанскикот нафтен тајкун Резерат Тачи уапсен во Швајцарија

Сопственикот на албанската нафтена индустрија „Оил Тачи“, Резар Тачи уапсен е во Швајцарија по што одредена му е мерка притвор.
Извори на Интерпол Тирана за телевизијата Еј-Би-Си Њуз потврдиле дека албанскиот нафтен тајкун во Женева е уапсен под обвиние за „измама“, фалсификување документи“ и „фалсификување печати и формулари“.
- Истрагата против него почна по обвиненијата од две компании, една регистрирана во Панама под име „Wallis Trading INC” и втората во Холандија „Trafigura Beheer Bv” ,кои со компанијата на Тачи имале трговски договор потпишан 2009 година, изјави изворот.
Во интерес на истрагата, на петти мај 2014 година, швајцарските власти побарале помош од албанското Јавно обвинителство за неколку истражни дејствија. Меѓу нив достапност до договорите на компанијата на Тачи, верификација на банкарските сметки на компании и личности, увид на банкарски трансакции и повикување на разговор на четири лица, меѓу нив сестрата и внукот на Резарт Тачи.
- Откако сите овие истражни дејствија беа завршени во Албанија извештај беше испратен до швајцарските правосудни органи, кои Тачи го уапсиле на еден од аеродромите во нивната земја, јави телевизијата.
Резарт Тачи, како сопственик на рафинеријата „АРМО“ во Албанија за четири години затаил данок во износ од околу шест милиони евра. Против него албанските власти имаат поднесено кривична пријава под обвинение„затајување данок“.
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
