Албански и косовски државјани паднаа на пасошка контрола на македонските граници

Вчера утро во 8 часот на Граничниот премин-Табановце, за излез од Р.Македонија при извршена пасошка контрола на В.Б.(28) од Албанија, полицискиот службеник се посомневал дека неговата патна исправа била намерно оштетена, односно остранети биле страници по што истиот бил приведен во ПС за Граничен премин Табановце, а патната исправа одземена. Лицето и патната исправа биле предадени на полициски службеници од СВР-Куманово, за понатамошно постапување.
Истиотн ден во 09,20 часот на ГП-Табановце, за излез од Република Македонија при извршена пасошка проверка на Ф.Г.(19) од Албанија, полицискиот службеник се посомневал дека истата била фалсификувана,односно било извршено отстранување на дел од оргиналните страници од патната исправа со прелепување страници од друга патна исправа, по што истиот бил приведен во ПС, а наведената патна исправа е одземена. Во 09,45 часот, лицето како и неговата патна исправа биле предадени полициски службеници од СВР-Куманово, за понатамошно постапување.
Вчера во 11,40 часот на ГП Аеродром „Александар Велики“-Скопје, за излез од Р.Македонија при извршената пасошка контрола на Џ.Ш. (40) од Косово, полицискиот службеник се посомневал во исправноста на германската виза со постојан престој. При извршениот дополнителен разговор, Џ.Ш. изјавил дека германската виза ја набавил од непознато лице во Германија за 1000 евра, по што истиот бил приведен и задржен во ПС за Граничен Премин. Во 13 часот, истиот бил предаден на полициски службеници од СВР-Скопје за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ
-

Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
-

МНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немири
-

За една недела констатирани 4910 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4.691
