Албанската влада ги деманира обвинувањата на опозицијата дека со авиони шврцува дрога

Албанската влада ги демантираше обвинувањата на опозицијата дека е вклучена во транспорт на дрога со мали авиони.
Во реакијата на владата се наведува дека од добиените информации на „Албконтрол“ се потврдува дека на албанскиот воздушен простор,поточно во југозападниот и западниот дел на земјата летале четири авиони кои полетале од аеродромот од островот Крф за аеродромот во Тиват.
-Многу поразлично од она што претендира Демократската партија, во ниту еден случај нема слетување на албанска територија.Сите овие четири летови го исполниле регуларниот план за летање,каде се предвидени влез во албанскиот воздушен простор од местото Питас и излез од Родон.Предвидениот временски период за напуштање на албанскиот водушен простор зависи од патот,метереолошките услови, видливоста, турбуленциите.Во планот за летовите пилотите побарале да летаат по крајбрежјето,додека летот бил следен од албанската контола на летање,стои во рекацијата на Владата.
Владата објавува и список каде се наведени времето на влез во и излез од албанскот воздушен простор,координатите на летање,височина на летање.
Опозицијата,преку поранешниот партиски лидер, екс премиер и претседател и актуелен пратеник,Сали Бериша,ја обвини Владата на премиерот Еди Рама за вмешаност во шверц на дрога од Албанија во Италија, со мали приватни авиони.
-Иако тоа е честа појава, Владата не превзема ништо,-пишува Бериша на својот профил на фејсбук каде постира и фотографија на авион кој лета над албанскиот брег.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
