Албанската полиција заплени околу 1,5 тони марихуана
Албанската полиција во две одделени акции сноќа запленила околу 1,5 тони марихуана, јави дописникот на МИА.
Во голема акција, во која учествувале и припадници на специјалната полициска единица за брза интервенција, во селото Дервен кај Круја, биле запленети над 1,2 тони марихуана, откриени во неколку магацински простории, каде дрогата се сушела.
Во акцијата се уапсени шест лица, сопственици на магацинските простории.
Во втората акција, полицијата од Лушња запленила 224 килограми марихуана во куќа во село Жаме. При акцијата е уапсен сопсвеникот на куќата.
При претрес во куќата пронајдена е и ловечка пушка и 163 куршуми, кои сопственикот ги поседувал без дозвола.
Вчера поладне грчката полиција во близина на Јанина запленила 132 килограми марихуана прошверцувана од Албанија. При акцијата се уапсени четири лица на возраст од 17 до 22 години, од кои двајца Албнци и двајца Грци.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот