Албанската полиција уапси косовска пејачка во чија чанта пронашла пиштол и муниција
Албанската полиција на граничниот премин Морина, на албанско-косовската граница ја приведе косовската пејачка, Фјола Морина, откако се обидела да влезе во Албанија со огнено оружје-пиштол, пренесе Ора њуз.
Пиштолот бил пронајден во чантата на пејачката, додека при контрола на автомобилот бил пронајден и пиштол, на изглед како запалка.
-При извршената контрола на втората линија, во чантата на Ф.М. (34) жителка на Приштина, Косово, граничната полиција пронајде и заплени како доказен материјал огнено оружје тип „зораки“ со 23 куршуми. Додека во багажникот на возилото е пронајдена и пиштол на изглед како запалка, информира полицијата од Кукс.
Притворени се и сопатниците Ф.М.(29), жител на Косово и Ф.С. (29) од Белгија. Сите ќе одговараат за кривично дело „трговија со оружје и муниција“.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива