Албанската полиција спасила 13 туристи кои поради дефект на чамец останале на отворено море

Албанската гранична полиција, од приморскиот пристанишен град Шенѓин во текот на ноќта спровела спасувачка акција на туристи кои, во текот на ноќта, останале далеку од брегот по дефект на чамецот со кој пловеле.
– На 13 летувалци, кои со чамец пловеле заради забава им се расипал чамецот и во текот на ноќта останале на сред море. Во чамецот имаше четири возрасни и осум малолетни лица, соопшти полицијата.
Спасувачката акција на службите на Граничната полиција на Шенѓин траела до полноќ и тие во добра здравствена состојба биле пренесени на брегот.
Лицата се албански државјани, биле меѓусебно во роднинска врска и биле на одмор во Шенѓин.
Полицијата апелира туристите да бидат внимателни кога, со кого и каде испловуваат за да не се доведуваат во опасност.
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
