Албанската опозиција побара техничка влада и предвремени избори

Албанската опозиција смета дека единствен излез од состојбата во која се наоѓа Албанија во моментов, е заминување на актуелната Влада предводена од Социјалистичката партија, јави дописникот на МИА.
- Решението е формирање техничка влада, која ќе ја подготви изборната реформа, ќе го импелентира законот за лустрација и ќе ја подготви земјата за нови избори. Кој ќе дојде на власт нека одлучи народот со својот глас, изјави лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша во обраќањето на Конвенцијата на партискиот подмладок во Фиер.
Неколку дена пред масовните протести најавени за 8 декември, Баша упати досега најтешки обвинувања до премиерот и лидер на владеачките социјалисти, Еди Рама, споредувајќи го со некогашниот албански комуниситчки лидер Енвер Хоџа.
- Корумпираната влада на двојката Рама-Мета и нивните 40 ајдуци мора да падне, изјави Баша.
Тој вети дека по доаѓањето на власт на демократите ќе има повисоки плати и пензии, подобро здравство и поголема вработеност и благосостојба за сите граѓани.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
