Македонија
25. February 2019 - 19:24

Албанската министерка за одбрана во посета на Македонија - НАТО ќе значи побезбеден регион

Членството на Македонија во НАТО ќе придонесе не само кон мирот и стабилноста во регионот, туку и кон подобрување на  животот на граѓаните, ова  е заедничката оценка по средбата на минстерката за одбрана Шекеринска со нејзината колешка од Албанија Олта Џачка.

Албанската министерка ја поздрави храброста и лидерството на македонската влада не само за потпишувањето на Преспанскиот  догвор, туку и за законот за јазиците.

- Создадени се услови и добра клима за имплементација на Охридскиот договор, како еден од главните услови за интеграција на вашата земја во евроатлантските структури, за што ќе  ја добие нашата поддршка, рече Џачка.

Односите и соработката меѓу Македонија и Албанија беа тема и на средбата на премиерот Заев со министерката Џачка.  

Двајцата се согласија дека добрососедството е  услов за  интеграцијата на двете земји во Европската Унија, при што премиерот Заев се заблагодари на албанската валда за поддршката на патот кон полноправно членство во НАТО:  По Грција и Словенија , Албанија беше трета заемја членка на Алијансата која го ратификуваше протокотлот за членство, по што следеше ратификација и во бугарскиот  парламент.