Албанија со закон го призна македонското малцинство

Во Албанија се признава постоењето на осум национални малцинства а тоа се Македонците, Грците, Египќаните, Власите, Ромите, Црногорците, Србите и Бошњаците.
Ова стои во текстот на Предлог-законот за заштита на малцинствата во Албанија, кој веќе влезе во собраниска процедура, а со кого се предвидува унапредување на моментната состојба со правата на малцинствата.
Поздравувајќи го финализирањето на процесот на донесување на Предлог-законот, кој едногласно е подржан на вчерашната седница на законодавната парламентарна комисија, македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана посебно го нагласува фактот што официјална Тирана ја прикажува реалната слика околу тоа кои малцинства живеат во државата.
- Тоа е албанската реалност кога станува збор за малцинствата. Во законот јасно е наведено кои малцинства живеат во Албанија, значи не се признава постоење бугарско малцинство, како што тоа некој се обидуваше во изминатот период. Сите здруженија на Македонците категорично се спротивставувавме на разните изјави за наводно постоење на бугарско малцинство. Во Албанија немало и нема Бугари, туку само Македонци, наведуваат од друштвото.
Според предлагачите на Законот, тој е во согласност со препораките на ЕУ и во него се регулираат сите права кои им припаѓаат на малцинствата.
Ваков закон Албанија носи по првпат и е еден од приоритетните закони што ги бара ЕУ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов
-

Анел Фидоски е избран за шеф на скопското јавно обвинителство
-

Почнува тестирањето на камерите за „Безбеден град“
-

ДУИ го обезбеди мнозинството за Законот за прекршоци, Сејф сити нема да се одложи
-

Почна второто полугодие за учениците: Кој ќе го наследи Љуљзим Алиу?
-

Д-р Трајковски: Со враќањето на децата во училиште ќе се зголемат бактериските инфекции
-

Нагло порасна синдикалната кошничка, ССМ се подготвува за протести и генерален штрајк
