Албанија не им дозволи влез на околу 100 грчки државјани
На преминот Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, албанските власти не им дозволија влез на околу 100 грчки државјани, кои сакаа да присуствуваат на 40-дневниот помен на Костандинос Кацифас.
Полицијата потврди дека меѓу нив има и лица кои Албанија ги прогласи за непожелни личности ден по погребот на Коцифас, поради нивната „неприфатлива, навредлива и опасна“ активност на денот на погребот.
За „персона нон грата“ беа прогласени 52 лица на кои им се забранува влез во земјата во период од пет години. Еден од нив е и Панајотис Савидис,новинар на весникот „Прототема“ кому влез не му беше дозволен синоќа.
Албанската полиција, покрај зајакнатите безбедносни мерки во Буларат, родното село на Кацифас, како и на националниот пат Ѓирокастро-Какавија, на сите гранични премини има доставено список на лицата на кои им е забранет влез во земјата.
Кацифас(35) албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, беше убиен во Буларат, во престрелка со полицијата на 28 октовмри.
Инаку, на денешниот помен за Кацифас во Буларат, освен жители на селото и околните населени места, каде главно живеат припадници на грчкото малцинство, се очекува да присуствуваат и неколку стотици грчки државјани.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар