Албанија ја поддржува идејата на Вучиќ за балканска царинска унија
Албанија го подржува предлогот на српскиот премиер Александар Вучиќ за царинска унија на Балканот.
Овој став го изнесе албанскиот министер за финансии Арбен Ахметај, додавајќи дека за такво нешто била дадена иницијатива и од страна на албанскиот премиер Еди Рама.
-Тоа е идеја дадена и од премиерот Еди Рама во рамки на трговските олеснувања во западен Балкан. Тоа е иницијатива што доколку се случи ќе го фаворизира економскиот развој на регионот и привлекувањето странски инвестиции, изјави министерот Ахметај.
Царинска унија, значи сите балкански земји да функционираат како единствен економски блок, станувајќи единствен пазар, наведе албанскиот министер за финансии.
- Четирите економски слободи поврзани со пазарите, капиталот, луѓето и инвестициите, е многу значајно да се движат без бариери во оваа зона, смета албанската министерска за економија, Милва Икономи.
Освен политичарите, идејата наиде на подршка и од експертите, иако дел од нив сметаат дека реализацијата на овој проект е тежок процес.
-Создавањето царинска унија треба да го има во предвид постоењето и функционирањето на Косово како слободна и независна држава. Ова е предизвик што не само Србија, туку и други земји од регионот треба да го имаат во предвид за да се движат на повисоко ниво на интеграција, нагласува експертот Илир Цико.
Ново на Сител
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра