Балкан
27. August 2022 - 20:49

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за документите, оценувајќи го како добра вест за регионот од која полза имаат и Албанците и Србите.    

Премиерот Еди Рама им честиташе на двете страни велејќи „секоја чест за двете страни, едноставно логични работи”, јави дописничката на МИА од Тирана. – Добри вести, решавање на прашањето за слободно движење меѓу Србија и Косово преку дијалог, и со честитки до двете страни.

Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе го подигне дијалогот на ново ниво, за да не се троши бескрајно време и енергија во постигнувањето на нештата кои едноставно се логични како ова денес, напиша Рама. Постигнатиот договор го поздрави и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка. Преку објава на Твитер Џачка пишува дека договорот е добра вест за регионот и дека Косово и Србија имаат договор од кој корист имаат и Албанците и Србите.