Албанија ги укинува царините за стоки со Северна Македонија, Србија и Косово
– Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царините за стоки со потекло од Северна Македонија, Србија и од Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесува Јуроњуз Албанија.
Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени.
Се додава дека Албанија во оваа одлука го вклучила Косово, иако не е дел од Отворениот Балкан, врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери.
Нема да се наплаќаат такси за паркирање возила, печатирање и мерење на стока, па трошокот за камион што ќе влезе со стока во Албанија ќе биде за околу 14 евра помалку од досега.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ