-->
-->
Албанците најбројни Европејци во италијанските затвори
-->

Тирана, 9 септември 2015 (МИА) - Според последната статистика на италијанското Министертво за правда во однос на бројот на затвореници - странци, албанските граѓани се на прво место од оние кои потекнуваат од некоја европска земја, додека трети меѓу сите странци.
- Заклучно со 31 август во италијанските затвори казна издржуваат 52.389 лица, од кои 17.304 се странски државјани, од нив 13,7 отсто се Албанци. Од вкупната бројка на затвореници секој трет е странец, пишува тиранскиот весник „Шекули“.
Албанските граѓани најчесто во затвор се поради извршени тешки кривични дела, грабежи, убиства, шверц со дрога и проституција, додека од неодамна најмалку петмина се и за регрутирање и испраќање млади Албанци за џихад во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
