„Ал Мајдани“: Престрелки меѓу пучистите и полицијата низ Турција

Низ улиците на Анкара и во повеќе градови на Турција има престрелки меѓу армиските сили што го поддржуваат воениот удар во земјата и припадници на полицијата, јави телевизијата „Ал Мајдани“.
Според телевизијата, пучот не го поддржале сите припадници на Вооружените сили, поради што дошло до раскол во Армијата.
Стотици лица ноќва излегоа на улиците низ турските градови во подршка на армијата, но и на организаторите на превратот.
Според западни медиуми, на истанбулскиот плоштад Таксим, покрај приврзаниците на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и турската Влада, се собрале и поголем група луѓе кои носеле фотографии на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, за кои се претпоставува дека ги поддржуваат организаторите на воениот удар.
Во меѓу време, како што јави телевизијата НТВ се огласи и груверенрот на Истанбул, Васип Шахин, кој рече дека обидот за воен удар во градот пропаднал и дека таму се префрлуваат дополнителни воени единици.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
