Ал Каеда упати закани до Мјанмар поради Рохинџите
Ал Каеда повика на поддршка за муслиманските Рохинџи во Мјанмар, кои се изложни на репресии, поради што 400.000 од нив беа принудени да побегнат во Бангладеш и им се закани на властите во Јангун дека ќе бидат казнет за „злосторствата“.
Бегставата на муслиманите од земјата претежно населена со будисти беа предизвикани од суровиот одговор на мјанмарските безбедносни сили на серијата напади на муслиманските бунтовници врз полициските и армиските пунктови во западниот дел на Мјанмар на 25 август.
Групата Ал Каеда, која ги изврши нападите во САД на 11 септември 2001 година, објави декларација во која ги повикува муслиманите од целиот свет да ги поддржат „собраќата во Мјанмар со материјална помош, оружје и воена поддршка“.
- Суровото однесување против нашите браќа муслимани не треба да остане неказнето. Владата на Мјанмар ќе го почуствува тоа на што се изложни нашите браќа муслимани, нагласува Ал Каеда во декларацијата.
Мјанмар тврди дека безбедносните сили водат законска кампања против „терористите“, кои ги обвинуваат дека напаѓаат полицајци, војници и цивилни.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија