Свет
11. April 2018 - 18:35

Ал Арабија: Проектил уништен над Ријад

ПВО на Саудиска Арабија „пресретнале проектил над Ријад“ денеска, јави телевизијата Ал Арабија, откако во градот беа регистрани експлозии.

АФП претходно јави дека се слушнале три експлозии над саудискиот главен град кој претходно беше таргетиран од бунтовниците Хути во Јемен.