Активисти и раководството на ВМРО-ДПМНЕ на политичка академија во Охрид
![]()
Активисти на ВМРО-ДПМНЕ, како и членови на највисокото раководство на партијата ќе учествуваат на дводневната политичка академија што во организација на Институтот за општествени истражувања „МК 91“, а со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“ викендов се одржува во Охрид.
– Главен фокус на нашата работа ќе биде политичка едукација, зацрстување на концептот граѓанско општество, меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог, слободата на медиумите и европските интеграции. Соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“ партијата ја продолува во духот на зајакнување на своите капацитети за подобар политички менаџмент, изјави Давор Пашоски, програмски менаџер од Фондацијата „Конрад Аденауер“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски појасни дека членови на Извршниот комитет и на останатите структури на партијата овие два дена ќе разговараат за предизвиците на партијата во предизборната кампања, како и за она што следува после изборите на 12 април.
– Ќе дискутираме за политиките кои во иднина ВМРО-ДПМНЕ треба да ги рефлектира според современите текови на конзервативните центар-десни политички партии, не само од национален карактер, туку и се она што е поврзано со тие политики, пред се тука мислам на економијата, политиките од реалниот живот кои подразбираат пристап „надвор од кутиите“. Ценам дека ќе биде исклучително значајно, добро искуство за членовите на Извршниот комитет на партијата. Се надевам дека се што ќе биде изведено како заклучок понатаму ќе прерасне како политика на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Што се однесува на имињата што ќе бидат на партиските листи за престојните предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека тоа ќе бидат луѓе кои се добро познати на јавноста, почитувани во средините каде живеат.
– Тоа се луѓе со ингегритет, со сериозно професионално и животно портфолио, луѓе во кои лично како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата, но и граѓаните ќе можат да се потпрат, луѓе кои ќе бидат вистински столбови во одбрана на интересите на Македонија, рече Мицкоски.
Како оценка на првиот телевизиски дуел одржан синоќа со лидерот на СДСМ, Мицкоски даде само кус коментар дека се забавувал додека разговарал со политичкиот опоненет Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
-

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
-

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции
-

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите
-

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
