Актерот Петар Горко го донираше своето аудио-цд „Љубов“ на Црвен Крст-Битола

Актерот на Битолскиот театар Петар Горко денеска го донираше своето аудио-цд „Љубов“ на општинската организација на Црвен Крст-Битола.
Музичкиот материјал може да биде користен во разни хуманитарни цели и акции за кои ќе одлучи Битолскиот Црвен Крст, истакна актерот Горко на хуманитарниот настан во овој град.
- На моите концерти и на секој настап мој во и надвор од театарот, на секоја академија на Црвен Крст-Битола последниве години на која сум водител, сценарист, па, и режисер, волонтерите од Црвен Крст беа моите најголеми подржувачи. Прекрасни луѓе, млади кои знаат што сакаат во животот и чија определба е љубовта и хуманоста. Воодушевен од ваква младина посветена на вакви идеали, кои денес се помалку се присутни во нашите животи, јас почнав да дарувам крв, да бидам дел од хумани мисии, рече Горко.
Затоа, продолжи, одлучив да ги подарам преубавите текстови на голем број наши песни кои како поезија за мене се подобри од најдобрите светски поети.
- Тоа е суштината и на ова некомерцијално цд, посветено на Црвен Крст, да го дарува каде сака, а ако некој посака инспириран од гестот, нека помогне и материјално, а Црвен Крст тоа ќе го однесе таму каде што е најпотребно, посочи Горко.
Во аудио-цд материјалот може да се слушнат песни кои актерот Петар Горко ги отпеа на своите три концерти во битолската Магаза, Старата чаршија и селото Слепче на концерот со групата Калабалак, кој беше насловен како „Подманастирска душа“.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
