Актерката Милица Стојанова се вакцинираше: Сакам во заедница да се радувам, а не да самувам
Поминав една војна, онаа Втората светска... Го искусив татнежот и плачот на земјотресот... Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички... Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам, напиша актерката Милица Стојанова на Фејсбук по примањето на вакцината против Ковид 19.
„Не сакам да гледам уште една војна со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да заминат од овој свет сами, без своите околу нив... Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се' уште да се радувам во заедница, а не да самувам.
Затоа да бидеме одговорни и да се вакцинираме, оти не гледам друго чаре и за себе и за оние околу мене...
И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи. Да покажеме доблест барем кон нив.
Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот“, напиша актерката.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
