-->
-->
Ако знаете да ги зборувате овие јазици или барем еден од нив, можете да заработите многу пари!
-->
Познато е дека странските јазици овозможуваат лесно запослување и напредок во било која работа.
Исто така, познато е дека англискиот јазик еден од најдоминантните, но ќе ви ги претставиме и јазиците кои вас, доколку ги научите, сигурно ќе ви овозможат успех и напредување во работата.
Сервисот „OneHourTranslation.com“ направи список на јазици кои најбрзо растат и кои најмногу се исплати да се учат.
Овие шест јазици, покрај англискиот, ќе биде добро да ги научите на време.
1. Шпански
Благодарејќи на новите и економскитеи бизнис прилики, се јавила и потреба за познавање на шпанскиот јазик. Пазарите Мексико, Аргентина, Чиле, Перу, Колумбија, Венецуела и Шпанија бараат познавање на овој индоевропски романски јазик кој има исти корени какоии англискиот па лесно е да се научи.
2. Португалски
Португалскиот веќе станал четврти најпреведуван јазик на популарниот сервис OneHourTranslation.com, што е значаен показател дека се работи за јазик чија популарност станува се поголема. Бизнис и економскиот напредок на Бразил им отавара на многу компании бројни можности за соработка, па угледните компании сигурно ќе имаат корист од познавањето на португалскиот јазик.
3. Кинески
Учењето на кинескиот јазик во последните години е во пораст. Големиот кинески пазар на многумина им претставува голем предизвик, дали тоа би се работело за увоз или извоз поради што секако е еден од јазиците во кое учење се исплати вложувањата на време и пари.
4. Руски
Бројните бизнис прилики и големиот пазар се добра причина за учење на рускиот јазик кој е малку сличен со нашиот, па не би требало да биде толку тежок за учење.
5. Арапски
Стотина милиони луѓе ширум светот го зборат арапскиот јазик.Со оглед на развојот на многу сегменти во стопанството и економијата, се отавара пазар на голем број компании во кои можат да се пронајдат разни раборни прилики.
6. Германски
Со оглед на тоа дека Германците успешно управуваат со една од најстабилните економии на светот, германскиот јазик со причина станува се популарен и баран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка