Ако видите змија во вашиот двор немој да ја убиете- еве зошто

Според народно верување ако се појави змија во вашиот двор тоа значи дека нешто лошо ќе се случи или едноставно дека е чувар на вашата куќа.
Змија чувар е посебен вид на змија која обично живее во близина на огништето или под кучниот праг.
Овие две места се централни метс во куќата според преданијата на постарите.Постојат верувања дека старите словени, своите мртви ги погребале под куќните прагови, додека вратата претставува врата кон задгробниот живот.
Секоја куќа имала своја змија чувар или претставувала олицетворение на некој нивни претец.Змијата чувар е обично бела боја, но во некои краеви се и црни и обично не се појавува.
Во народните верувања змијата исто така може да ја наговести смртта.Змијата чувар се појавува само кога некој член од куќата е во опасност и нејзинито појавување го предупредува домаќинот дека нешто лошо ќе се случи.
Доколку некој од луѓето кои живеат во куќата ја убијат змијата чувар, тоа ќе значи дека некое дете во тој дом набрзо ќе умре, а ако некој ја нагази змијата ќе се стекне со способност за лекување на болести.
Исто така се верува дека појавата на повеќе змии во текот на пролетта значи дека ќе имаме топло лето.
Ново на Сител
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
