Ако купувате чорапи од пазар и го видите ова веднаш пријавете

Момче од Њукасл, Шакил Акбар купил црни памучни чорапи и таму пронашол необична порака. Пораката е напишана кинески јазик, а ја напишал затвореник кој ја направил. Шакил успеал да ја преведе содржината на пораката на англиски јазик и видел дека станува збор за повик за брза помош. Еве што пишувало на пораката:
„Моето име е Динг Тингкунг. Имам 39 години и погрешно сум обвинет за измама и уцена и осуден сум на 3 години затвор. Сето тоа се случи кога патував во Пекинг да пријавам случај на корупција.“ - напишал затвореникот.
Понатаму наведува дека се жалел во суд на пресудата и дека во моментов е во округот Лингби каде што го мачат. Замолил кој и да најде пораката да ја испрати на кинескиот претседател или премиер.
Сепак, портпаролот на компанијата која продава чорапи рекол дека сето тоа е наместено, бидејќи слични пораки се прошириле насекаде низ светот. Акбар не е единствениот кој пронашол порака со слична содржина меѓу чорапи.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови
-

Приведен 31-годишник во Тиквешко, обвинет дека ја нападнал тетка му
-

Луѓе и роботи во заеднички настапи за Нова година во Кина | ВИДЕО
-

На Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија, му нанел четири убоди со нож во градниот кош и срцето
-

26-годишен маж од неготинско со трактор излетал од патот
-

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот
-

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права
-

Следните денови променливо облачно со повремен дожд и потопло
