Ако имате ПВЦ прозорите овој трик мора да го знаете
ПВЦ столаријата е еден од најчесите избори за прозорци и балконски врати во нашата земја, затоа што е најлесно да се регулира убаво изгледа и подобро ја задржува топлината во домот отколку дрвените прозорци кои беа најпопуларните пред 10-тина години.
Но за време на вградувањето на ПВЦ прозорците мајсторите не ви кажуваат доста важни работи, кои и тоа како може да ви значат во ваквите екстремно студени денови.
Во различните временски прилики потребно е да го смените начинот на „одржување“ на прозорите. Едноставно отворете го прозорот и пронајдете го шрафот од страна каде се наоѓа рачка, па наместете г со помош на инбус клуч/ штрафот кој се наоѓа од страна на шарката вртете го навнатре при што се регулира силата на притисокот на прозорскиот рам.
Кога мајсторите ви ги поставуваат прозорите најчесто ги оставаат во „стандарден“, односно среден „режим“.
Ако не сте сигурни во кој „режим“ ви се вратите и прозорците во домот, едноставно со прозорското крило притиснете лист хартија. Ако можете без проблем да го извадите, наместен е на „летен“ режим, а доколку се искини за време на вадењето тогаш е на зимски режим.
Не е пожелно да се оставаат прозорите и вратите на „зимски режим“ во текот на целата година затоа што оптоварувањето на гумата на рамот се зголемува, па брзо ќе се потроши.
Погледнете го деталното објаснување во видеото:
.
Ново на Сител
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок