Акциска контрола во отпади во Битола, Ресен и Прилеп, утврдени неправилности во четири отпади
Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, во содејство со инспектори од Државен инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за животна средина денеска спровеле акциска контрола во правни субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини. При контролата, во Битола биле контролирани три отпади, при што во два од нив биле констатирани неправилности.
- Во Ресен извршена е контрола кај пет правни лица, при што во еден отпад е констатирано дека за дејноста која ја врши нема регистрирано правно лице, а нема ни дозвола за работа со отпад за што ќе биде поведена соодветна постапка, соопштија од МВР.
Во Прилеп, полициските службеници и инспекторите извршиле надзор во два правни субјекти, при што во еден од нив било констатирано дека нема фискален апарат, односно врши само продажба на големо на правни субјекти со фактурирање.
По документирање на случаите, посочуваат од МВР, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција