Акција за заловување на кучиња скитници во Гевгелија

Големата акција за заловување на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња во Гевгелија, што има за цел позитивно да се одговори на барањата од граѓаните за отстранување на напуштените домашни миленици чие што неконтролирано присуство по улиците предизвикува непријатност и чувство на страв кај граѓаните, информира денеска општина Гевгелија.
Согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, задолжени за организирање и успешно реализирање на акцијата се јавното комунално претпријатие „Комуналец“ и ветеринарната станица „Анри-Вет“ од Стојаково.
За обезбедување услови за дејство, општината денеска упати последен апел до сопствениците да си ги згрижат кучињата во дворовите на начин што кучето не ќе може самостојно да избега од тој простор. Во спротивно, сопствениците на загубено или напуштено куче кое ќе биде заловено ќе ги надоместат трошоците што ќе бидат направени при заловувањето, а од страна на инспекциските служби против нив ќе бидат поведени прекршочни постапки.
Општина Гевгелија очекува со оваа масовна акција да стави крај на прашањето со кучињата скитници кои во последно време предизвикуваат големи проблеми во Гевгелија.
Ново на Сител
-

За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка
-

Во САД регистрирани првите овогодишни смртни случаи од морбили, епидемијата се шири
-

Утре и на 31 август ќе се прска против комарци во пет општини од Југоисточниот плански регион
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
