Акција за собирање отпадни гуми во Вардариште

Околу 40 отпадни гуми од различни типови на возила собрани се во акцијата во населеното место Вардариште и предадени се на фирма овластена за постапување со ваков отпад.
Акцијата за собирање отпадни гуми во Вардариште ја реализираше комуналната инспекција и инспекција за животна средина на општина Гази Баба во соработка со Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие Гази Баба.
На оваа локација, како што соопшти општина Гази Баба, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште живее ромско население во субстандардни услови и има опасност од спалување на гумите за загревање и користење на корисните компоненти.
- Општина Гази Баба редовно организира вакви акции со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување отпад, стои во соопштението од општина Гази Баба.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
