Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на 26 и 27 февруари ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад. Граѓаните кои имаат кабаст отпад од 7 до 11 часот ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради.
- Треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот, информира општина Аеродром.
Акцијата на 26 февруари ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче. Акцијата на 27 февруари ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.
Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
