Акција за расчистување на отпадот околу Марков Манастир

Марков Манастир заедно со група верници денеска организира акција за собирање на отпадот од површините околу манастирот. Акцијата ќе почне во 17 часот, а збирно место е дворот на манастирот.
Сестринското од Манастирот ги повикува сите граѓани кои се во можност да се приклучат на акцијата за што е обезбеден потребната опрема за собирање: ќеси, ракавици и слично.
Во повикот од Сестринското наведуваат дека поразителен е фактот што еколошката свест е на исклучително ниско ниво и оти постојаното загадување на природата и оставањето на личниот отпад на несоодветни места е честа слика.
- Со таков сериозен предизвик се соочува и Марковиот Манастир, предизвикот на постојано загадување на животната средина околу манастирот, на нејзината бујна и раскошна природа и чистата и живописна Маркова Река. Просторот околу манастирот, особено по течението на Маркова Река, е привлечна викенд дестинација за бројни излетници кои одлучуваат слободните викенди и празници да ги поминат во опкружувањето надвор од манастирот. За жал, огромната фреквенција на несовесни луѓе, зад себе остава огромни количини на отпад, кој не се одлага во соодветно поставените контејнери, туку останува расфрлан насекаде да лежи по зелените површини и водата. Сликата која останува после тоа е страшна, посочува сестринството на манастирот.
Прекрасната природа е Божји благослов, велат од сестринството и потсетуваат дека човекот треба да живее во ненарушен склад со природата и да не ја нарушува таа хармонија.
Посочуваат дека монахињите од манастирот се единствените кои се грижат за чистотата на опкружувањето надвор од манастирот и апелираат да почне да работи индивидуалната и колективната свест кај луѓето.
Ново на Сител
-

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
-

Претседателката Сиљановска‑Давкова на реферирање за борбена готовност на Армијата
-

Новиот состав на ДИК ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието
-

Граничните премини и денеска блокирани од камионските превозници
-

Рубио: Продолжуваат руско-украинските преговори во Абу Даби
-

Славески: Просечната плата лани порасна номинално за 9,2 проценти, потребен е одговорен пристап кон растот на платите
-

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе
-

Бесент: За ЕУ е поважна трговијата од Украина
