Акција за пошумување кај манастирот „Свето Преображение“ кај Крушево
Со обезбедени 4.000 садници денеска околу манастирот „Свето Преображение“ во Крушево се спроведе акција за пошумување.
Акцијата ја реализираа општина Крушево и компанијата „Секе“ со поддршка на претпријатието за стопанисување со шумите „Липа“, средното училиште „Наум Наумовски Борче“ и основното училиште „Никола Карев“.
Во акцијата се приклучи и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, кој најави слични активности и во иднина.
– Денеска, од манастирот „Св. Преображение“, на просторот каде пред само неколку седмици владееше огнена стихија, со засадување дрвја испраќаме пораки за заштита на животната средина и одговорност кон белите дробови на нашиот град, рече Христоски.
Иницијативата за пошумување, како и минатата, така и оваа година, дојде од компанијата за производство и преработка на тутун „Секе“.
– Како општествено одговорна компанија продолжуваме да организираме и да учествуваме во акции кои го подобруваат животот на луѓето и ја подигнуваат свеста за заштита на животната средина. Оваа активност е дел од проектот што го имплементираме, а се однесува токму на заштитата на животната средина и како ние самите да придонесеме кон унапредување на состојбите, изјави директорот на компанијата Јане Станкоски.
Ново на Сител
-
Се одбележува денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј
-
24 мај - Ден на Свети Кирил и Методиј
-
УКИМ одбележува 75 години од формирањето
-
На УГД отворена лабораторија за квантитавни истражувања во економски и организациони науки
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата