Акција за чистење отпад под Кале

Акција за чистење отпад ќе се одржи денеска кај стариот авто полигон под Кале во Скопје, во организација на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ како продолжение на нивните активности за расчистување на сметот на повеќе од 40 локации во изминатите десет месеци.
На тој начин, „Не биди губре“ го изложија проблемот со одржувањето на урбаната хигиена и вршат континуиран притисок кон јавните институции за негово решавање, но и ја подигнуваат свеста на граѓаните за одржување на чистотата во местата кадешто живеат.
Минатата година во државава биле создадени околу 855.000 тони комунален отпад, но собрани се 230.000 тони помалку или околу 625.000 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За собирањето, транспортирањето и депонирањето на комуналниот отпад се надлежни општините, а тоа го вршат јавните претпријатија. – Сепак многу малку од постојните јавни претпријатија работат на прифатливо техничко ниво, без потребната грижа и внимание за одржување и замена на опремата. Голем дел од отпадот истекува и се расфрла, возилата за собирање отпад се стари, со мал капацитет или често се расипани, а ѓубрето се истура и на диви депонии, оценуваат во повикот за акцијата активистите од граѓанската иницијатива „Не биди губре“.
Активностите се спроведуваат со поддршка на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, што ја реализира Институтот за комуникациски студии.
Ново на Сител
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
-

Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина
