Акција за чистење на речните корита и канали во Куманово
Општина Куманово деновиве започна со акција за чистање на речните корита и одводни канали во градот и периферијата. Утринава се уредуваше коритото на поток Серева, а во нередниот период ќе се чистат и реките Липковка, Којнарка и Кумановка. За акцијата која е со цел навремено спречување на опасности од можни поплави, се одвоени два милиони и осумсто илјади денари.
- Тендерската постапка е завршена пред дваесетина дена, меѓутоа бевме ангажирани на теренот на Стајковци, Арачиново и Ченто. Започнуваме со Серава, најголемиот канал за атмосферска вода. Ова место е целосно исчистено, поставени се заштитни решетки, така што сега каналот може да прими поголем обем вода, изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Тој се надева дека со сечење на грмушки и диви израснати стебла ќе успеат да ги ослободат и останатите речни корита, за да може да ја примат водата во кризните состојби, кога се очекуваат големи врнежи.
- Сериозен проблем е каналот кај автопатот, кој е во надлежност на Агенцијата за државни патишта, како и оној дел кај Старата кланица, на кој има фрлен шут, смет и слично, рече Дамјановски и упати апел до граѓаните да бидат совесни и да ја чуваат животната средина.
Акцијата за чистење на речните корита и канали ќе трае до средината на септември.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор