Акција на засадување дрвја

Во организација на граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“, денеска на јавната површина до скопската гимназија Зеф Љуш Марку ќе се спроведе акција на засадување дрвја.
Настанот е поддржан од Град Скопје, Јавното претпријатие Паркови и зеленило од Скопје и од Халк банка Македонија која ги обезбеди садниците за јавната површина, а кои се резултат од реализираните активности на граѓаните кои ја користат мобилната апликација HalkEco преку која банката ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност и како одговор на нивната активност засадува дрвја.
Во акцијата на засадување дрвја ќе се вклучат граѓани волонтери, а присуство најавија и вработените од хотелот „Мериот“ од Скопје.
Акцијата „Денови на колективно садење дрвја во Македонија на 26 и 27 Октомври“ е граѓанска иницијатива. Започната е со идејата дека секој може да засади дрво и со тоа да придонесе за подобрување на сопственото опкружување и во борбата против климатските промени.
Во акцијата се приклучија повеќе училишта од земјава кои засадувањето на дрвјата го вклучија во нивните еко активности во наставната програма. Садниците за училиштата ги донираат Пакомак од Скопје и Халк банка Македонија.
Ново на Сител
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
