Акција на МВР во Куманово - се апси полициски началник на СДСМ за изборни нерегуларности
Во моментов куќата на кумановскиот началник на СВР Куманово, Стојанче Велиќковиќ, е опколена со специјалци на МВР, а внатре истражни органи вршат претрес, јавува локалниот интернет портал „Кумановски муабети“. Веста за е потврдена и до МВР, но нема повеќе детали. Според изјавите на насобраната маса народ пред неговиот дом, специјалците влегле во дворот за да го уапсат началникот Величковиќ. Според неофицијалните информации кои ги објавија медиумите под контрола на опозицијата тој се сомничи за изборни нерегуларности.
Во меѓувреме пред неговата куќа се собираат приврзаници на СДСМ во обид да ја спречат полицоската скција која може да открие евентуален изборен криминал. Стојанче Величковиќ беше назначен за началник на СВР Куманово во првата техничка Влада, па потоа беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со неговото враќање на чело на МВР
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители