Акција на ЈП „Комуналец“ за собирање гломазен отпад

ЈП „Комуналец“-Битола со подобрување на временските услови продолжи со акцијата за собирање гломазен отпад во градот.
Од тамошниот комунелен сервис информираат дека секое семејство, секој граѓанин кој одлучил да се ослободи од гломазниот отпад треба навреме да пријави за негово подигнување и отстранување.
-Екипите на јавното претпријатие секој ден се на терен и постапуваат по добиените пријави. Денешната слика е добра опомена, но и потсетување за оние кои повремено знаат да остават мебел и друг гломазен отпад на несоодветни места, често го фрлаат создавајќи депонии, или го оставаат на градски локации кои во истиот момент ја нагрдуваат урбаната слика на градот. Само со заедничко дејствување, постои можност да зачуваме здрава и чиста животна средина, затоа останува пораката до сите граѓани кои сакаат да се ослободат од гломазниот отпад нека пријават во ЈП „Комуналец“-Битола, порачуваат од јавното комунално претпријатие.
Според архивата на ЈП „Комуналец“ во минатата година нивните екипи подигнале околу 600 метри гломазен отпад и споредено со 2018 година кога беа собрани 85 m3 или со 2017 година кога биле собрани 45 m3 гломазен отпад, претставува своевиден рекорд но и потврда за соработката меѓу граѓаните и претпријатието.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
