-->
-->
Ајкула ги преплаши туристите на плажа кај Валона
-->

Туристите на плажата кај Дерми во Албанија, биле изненадени кога во непосредна близина забeлежале ајкула. Кога им се доближила, тие биле во морето.
Месноста Дерми се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона. Туристите тука вчера имаа ретка можност да видат ајкула, многу блиску до плажата, додека дел од нив биле во водата, јавуваат албанските медиуми.
Откако бил вклучен алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата. Некои го снимиле тоа со своите мобилни телефони.
Ова е првпат туристите на таква близина да забележат ајкула, иако во мрежите на албанските рибари последниве две години уловени се над десет ајкули, сите на поголема оддалеченост од морскиот брег.
Тежината на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
