-->
-->
Ајфеловата кула ќе згасне во знак на солидарност со жителите на Алепо
-->

Светилките на Ајфеловата кула вечерва во 20 часот ќе бидат згаснати во знак на солидарност и поддршка за населението на сирискиот град Алепо, соопшти градоначалничката на Париз, Ан Идалго.
Таа истакна дека целта на тој симболичен потег е да се привлече вниманието на светската јавност кон неопходноста од итни мерки за запирање на конфликтот во Сирија.
Францускиот претседател Франсоа Оланд пак, денеска исто така изјави дека евакуацијата на цивилното население во Алепо треба да се спроведе под меѓународна контрола и со учество на хуманитарни организации.
И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер повика на што поскоро прекинување на сите борбени дејствија во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
