„Ајде да се дружиме” – базар на ракотворби во Марков манастир
Во организација на здружението на граѓани „Марков манастир 1345” на 11 и 12 мај годинава во дворот на истоимениот манастир ќе се одржи голем базар на рачно изработени производи.
Во рамки на дводневната манифестација насловена „Ајде да се дружиме”, во дворот на манастирот предвидена е и детска ликовна колонија и работилница за деца кои ќе се едуцираат за изработка на икони, работа со тесто, декутаж техника, а ќе се организираат и разни игри и други изненадувања.
Освен детската ликовна академија и работилниците за изработка на ракотворби, ХАЕМУС – Центар за научни истражувања и промоција на културата организира едукативна тура: Како да изградиш и како да насликаш своја византиска црква проследено со едукативно предавање од 30 минути, визуелно прилагодено за деца од претшколска и школска возраст.
За сите кои сакаат да учествуваат на Базарот со свои ракотворби димензијата на масите е: 0,80х1,35 цена 800 ден, 0,87х1,50 цена 1000 ден, 0,87х2,00 цена1500 ден (цената е за двата дена ) + 250 ден за соба во манастирот, за учесниците, за оние кои имаат потреба од тоа заради превозот. Пријавувањето е на телефоните 078 600 931, 070 445 061. Настаните во двата дена ќе се одвиваат во терминот од 11:00 до 17:30 часот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии